{mosimage} Google најави дека YouTube наскоро ќе стане профитабилен. Еден начин е да се појават реклами на видеата закачени од корисниците. Но не на сите видеа, туку на популарните кои генерираат голем број посети. Дел од профитот ќе оди и за корисниците кои ги закачиле популарните видеа.
Ова е всушност продолжение на YouTube Partner програмата s, најавена уште во 2007 година, која се концентрираше на серијали и одредени канали, но сега ќе проектот ќе ги опфати и индивидуалните
видеа кои ќе ја достигнат своите „15 минута слава“, како што вели Енди Ворхол или како што YouTube пишува на својот блог.
Главно се работи за популарните, вирал или меме видеа. Претходно пишувавме за виралните видеа. Пример: „Виралeн маркетинг: Можеш ли да фатиш лаптоп со задникoт?“ или „Виралниот ефект на IE8 рекламите". Додека меме видеата се нешто како „RickRoll’d” , „Keyboard cat“ или пак лутиот Хитлер.
YouTube самиoт ќе одредуви кое видео може да стане профитабилно по што ќе испратат порака до корисникот дека видеото има потенцијал, а корисникот со „Еnable Revenue Sharing “ опцијата ќе може да го одобри рекламирањето. Својата заработка ќе ја добие преку Google АdSense профилот.
{mosimage}
Сега лошите вести. Оваа опција е само за корисниците од САД. Но , пак со добри вести, YouTube најави дека ќе има интернационална верзија.