Meerkat ја изгуби битката за стримање на видео, ќе проба да биде друштвена мрежа

Според Meerkat, светот сè уште не е подготвен за мобилен стрим од секаде. Или пак пазарот станува посериозен сега кога Facebook му се приклучи на Тwitter. Meerkat, апликацијата која имаше фантастичен старт, сепак се реши да ја замрзне идејата за видео стримање во живо, и наместо ова засега ќе бидат своевиден Instagram за видео содржина. Дополнителен проблем е што Twitter го отстрани Meerkat од сопствената платформа, преферирајќи го сопствениот сервис за стрим Periscope. Поради ова, а и поради фактот дека стримањето во живо засега нема доволно корисници, Meerkat ја промени насоката.

„Ја започнавме годината одлично… Но, во текот на годината дојдовме до проблеми. Емитувањето од мобилни уреди не се разви брзо колку што се надевавме“, вели Бен Рубин во имејл до инвеститорите. „Беше тешко да се каже – ова нема да функционира, благодарни сме им на сите за поддршката.“

Нивното објаснување е дека емитувањето од еден на повеќе корисници не е ништо повеќе од функционалност на поголема платформа. Meerkat сака да биде таа голема платформа и затоа ги пренасочува ресурсите. Сепак интересот за стримање постои, пред сѐ за гледање на видео содржина. Она што недостасува се корисници кои стримаат содржини. Како последица на ова, бројот на гледачи сè уште е во пораст, но бројот на стримери за цел месец на надминува 100.000. Стартапот се обиде со неколку функционалности да привлече стримери, но за жал обидите се неуспешни.

Сепак можеби конкуренцијата игра голема улога во одлуката на Meerkat. Twitter има успех со Periscope, а и Facebook се пренасочува на стримање во живо. За жал, се чини дека во моментов нема простор за повеќе платформи за стрим, па Meerkat ја менува насоката. Во моментов работат на сервис за видео, кој наликува на Skype и Google Hangout, јави Recode.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk