Марк Закерберг e oпседнат со стримовите во живо

Марк Закерберг е опседнат со стримовите во живо и поради ова социјалната мрежа го прави стримот приоритет, јави Re/code. Интересот за стрим не е ексклузивитет на Facebook, но социјалната мрежа наскоро ќе ја има најинтересната предност, Oculus Rift. Доколку социјалната мрежа некако успее да овозможи стрим во живо во виртуелната реалност, ќе имаат навистина голема предност пред останатите.

Facebook веќе тестира надвор од виртуелната реалност. Г. Закерберг минатата недела објави дека веќе работат на тестови за платформата и веќе се подготвени да започнат да го презентираат Live на Android корисниците во 30 држави.

„Навистина сме возбудени што луѓето го прифаќаат новиот формат, а ние работиме да им биде достапен на повеќе луѓе низ целиот свет“, велат од Facebook кои новиот формат ќе го претстават преку мобилна апликација, што не би требало да биде изненадување со оглед на тоа дека мобилната верзија се приближува до милијарда корисници. Но, истовремено апликацијата станува преробусна, па постарите телефони имаат проблем со користење на сите новини.

Но, освен добри можности за Facebook, Марк Закерберг се соочува со еден голем проблем – на мрежата има премногу говор на омраза, насочен кон имигрантите. Доколку сте еден од оние корисници кои пријавуваат говор на омраза, тогаш без сомневање ви е познато дека социјалната мрежа прегледува со алгоритми, и тоа доколку доволно корисници пријават проблематична содржина, пренесе BBC.

Сепак ова не е доволно добро кога имигрантите се во прашање и овој говор на омраза се префрла и на улиците во голем број градови во Европа. Голем дел од ова е Германија која има ригорозни закони за говор на омраза и нацизам, и поради ова упатуваа сериозни замерки на социјaлната мрежа. „Нема простор за вакви содржини на Facebook. Научивме повеќе за германската култура и закони и го променивме пристапот. Говорот на омраза насочен кон мигрантите е важен дел од она за што нема толеранција на Facebook“, вели г. Закерберг на Q&A одржан во Германија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] секаде. Или пак пазарот станува посериозен сега кога Facebook му се приклучи на Тwitter. Meerkat, апликацијата која имаше фантастичен […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk