FBI може да го отклучи iPhone и без помош од Apple, но бара легален преседан

https://stocksnap.io/photo/AQZQ7RGC7R

Американското Федерално истражно биро (FBI) може да ја пробие заштитата на iPhone, но намерно не го прават ова бидејќи се надеваат дека ќе издејствуваат судска одлука која ќе постави преседан, и ќе им овозможи легален пристап до информациите на телефоните. FBI е во конфликт со Apple кои одбија да креираат таканаречен backdoor во iPhone телефонот на терористот од Сан Бернандино, бидејќи Apple верува дека таков безбедносен пропуст ќе може да биде од штета на другите корисници, и ќе им даде премногу легална моќ на властите.

Агенцијата сака да го искористи терористичкиот напад за воспоставување на преседан, бидејќи терористичкиот напад е тешко да се оспори, смета Џеј Еделсон, адвокат кој за Bloomberg додава „ФБИ го одбра овој случај бидејќи сакаат политички поени, не бидејќи пробивањето на iPhone е тешко“.

Единствениот проблем кој може да го има бирото е што нема да може да ги пробие телефоните неограничен број пати. Што се однесува до копирањето на податоци, тие не се воопшто заштитени, предупредуваат експертите. FBI може многу лесно да ги ископира практиките на кинеските улични мобилари. Според безбедносниот експерт Џонатан Џираски, уличните кинески продавници користат само пинцета, десктоп компјутер и штрафцигер за да претворат iPhone од 16GB во 128GB префрлувајќи ги податоците на нов чип. Сепак можеби наједноставно решение е да го остават телефонот во Националната агенција за безбедност (NSA), која има многу поголем буџет и вработува куп хакери, но ова е неофицијална пракса. Официјалното барање би можела да доведе до судски парници против агенцијата.

Најголем дел од експертите сметаат дека FBI наскоро ќе креира сопствен центар со агенти кои ќе можат да се прилагодат на новата технологија, како од Apple, така и од останатите технички компании.

Oбединетите нации против FBI

Но, за Обединетите нации ова ќе биде сериозен преседан. Високиот комесар за човекови права во Организацијата на Oбединети нации, Зеид Рад Ал Хусеин, вели дека FBI ја отклучува Пандорината кутија со барањата за backdoor во iOS. „Постојат многу начини за да се открие дали овие терористи имале соучесници покрај принудувањето на Apple да креира софтвер со кој ќе ја намали безбедноста на сопствените телефони… Ова е потенцијален подарок за тоталитарните режими, но и за хакерите“, вели г. Заид во официјално соопштение.

Се разбира никој не се обидува да го намали злосторот кој го предизвика терористичкиот напад во Сан Бернандино. Но, отворањето на безбедносни пропусти во оперативните системи не е никакво решение. Ова се однесува на корисниците кои доаѓаат од репресивни режими кои често можат да се скријат благодарение на криптирањето и на приватноста која ја овозможуваат оперативните системи.

„За да надминат безбеносен проблем кој има поврзаност со криптирањето, властите бараат отклучување на Пандорината кутија која може да има екстремни последици за човековите права“, вели г. Заид.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Терористот од Сан Бернандино, Ташфин Малик кој уби 14 луѓе на своите друштвени мрежи ја имаше својата поддршка за терористите уште пред да добие американска виза. Овој случај е една од причините поради кои и се донесе оваа мерка. Името на извршната наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп за овој закон е „Заштита на нацијата од влез на странски терористи во САД“. […]

trackback

[…] биде воспоставен преседан во процесот кој го води Федералното истражно биро против Apple. Поддршката до компанијата од Купертино пристигна од […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk