(Oва е гостински текст на Билјана Кочоска-Танеска т.е промоција на друштвенета мрежа Mediate Daily за нови медиуми.)
{mosimage} Mediated Daily е социјална мрежа каде што се обработуваат теми поврзани само со новите медиуми. Тука не мора да се занимавате со досадни апликации, непотребни квизови и тотално неупотребливи каузи. Сите активности што се одвиваат се движат во рамките на една област која ве интересира. Се разбира доколку стварно ве интересира.
За кого е?
Oва е вистинското место за интернет зависници кои сакаат да учествуваат во создавањето и рециклирањето на интернет содржините, но кои во исто време се заинтересирани за процесите и формите кои се одвиваат и функционираат во овој свет.
{mosimage}
Која е целта?
Целта на оваа мрежа е да собере на едно место колку што може повеќе луѓе (од Македонија, но може и пошироко) кои се интересираат за новите медиуми како и за новите информатички технологии што секојдневно изникнуваат и го надградуваат овој медумиран свет, за меѓусебно да ги споделуваат сите нови и корисни информации поврзани со ова. Замислете го ова место како македонско складиште за сознанијата за новиот храбар свет на новите медиуми.
Како работи?
Креирање профил
Формата на мрежата е сосем едноставна, така што како и на другите социјални мрежи си креирате свој профил и автоматски добивате ваша страна каде што се листаат вашите активности. Откако ќе го креирате профилот, ќе си ги поставите основните информации вклучувајќи го и аватарот или сликчето, имате можност и да го смените изгледот на вашата лична страна, доколку не ви се допаѓа оној дифолтниот или пак сакате да се чувствувате повеќе како дома.
Пополнување на содржини
Следно што може да прави човек, кој веќе имал желба да се најде тука, е да креира содржини. Формите во кои може да го прави тоа се различни:
- да пишува блог постови каде што ќе размени свои видувања на некоја појава во киберпросторот, или ќе извести за некоја новина или настан
- да отвори дискусија на форум, во некоја од постоечките категории, да предложи нова категорија, или да одговори на некоја веќе отворена дискусија.
- да постави свое видео, или да вметне некое по свој избор од познатите видео канали.
- да прикачи слики од некој настан или поврзани со некоја интересна тема, или пак да ги повлече од својата сметка на Flickr.
- да креира настани, да прикачува или вметнува музика, да споделува ликови или да разговара со останатите корисници на мрежата.
Какви теми може да се обработуваат?
Темите се широки и може да опфаќаат: искуства, вести поврзани со најновите случувања и најнови медиумски технологии, како и теоретски притапи што ги обработуваат истите. Промени што настануваат во комуникацијата, идентитетот, начинот на работа, законот, социјалните односи. Новите бизнис и маркетинг перспективи поврзани со новите медиуми, новиот начин на едукација, фан креираните содржини. Конвергенцијата, апликациите, интеракцијата, симулацијата, веб 2.0, 3.0, 5.0… Листата е долга колку што дозволува вашата имагинација, а новиот медиумиран свет нуди неограничени можности.
Платформа
Mediated Daily е социјална мрежа изградена на Ning – oнлајн платформа создадена за луѓето да можат да креираат свои социјални мрежи. Неговата цел е да биде конкурентен на пазарот на социјални медиуми, со тоа што ќе им овозможи на луѓето да креираат посебни социјални мрежи групирајќи се околу одредена тема или идеја која ги интересира.
Во Македонија ни треба една ваква мрежа, каде што помултимедијално ќе се врземе и ќе ги споделуваме искуствата и знаењата поврзани со овој, за многумина кои го читаат овој сајт, интерес.
Mediated Daily е социјална мрежа, која не се однесува на оние кои постојано се вклучуваат во социјални мрежи чисто заради социјалниот момент, но не се однесува ни на оние кои не сакаат да пробуваат нови работи, иако е социјална мрежа, а во исто време не е ништо ново. Но токму спротивно, Mediated Daily се однесува на оние кои постојано се интересираат и следат што ново се случува во светот на новите медиуми и развојот на технологиите поврзани со истите, а не се големи обожаватели на вмрежување ради вмрежување.






