0 коментари 2 мин. читање 7 декември, 2009

Надополнето: Видео од вебинарoт за е-Маркетинг

(Видеото од вебинарот можете да го најдете подолу)

{mosimage} Чујте и почујте. Во четврток, 3 декември, со почеток во 18 часот се одржува вебинар на тема „Имате веб сајт и што да правите со него?”. Вебинарот е организиран од граѓанското здружение за поддршка и развој на е-општеството во Македонија „Е-невладина“.

Како да воспоставите контакт со потенцијалните потрошувачи преку интернет, како да ги користите социјалните мрежи за комуникација со посетителите и како да го оптимизирате вашиот веб сајт?… Ова ќе бидат главните прашања на кои ќе биде даден одговор на овој веб настан.

На вебинарот ќе се презентира и дебатира за интернет маркетингот во Македонија, за искуства и проблеми, решенија и совети. Своите размислувања и искуства ќе ги пренесат Никола Бојков, Наталија Трајчевска, Билјана Пешевска и Марко Ѓоргиовски.

Вебинарите се презентации, работилници, состаноци или семинари кои се одржуваат преку интернет. Секој учесник може да го следи настанот од својот дом, седејќи пред својот компјутер и комуницирајќи со останатите учесници преку интернет.

Повеќе информации може да најдете на сајтот на е-Невладина. За регистрација тука.

{mosimage}

(Линк до текст за ланскиот вебинар на е-Невледина. Во текстот има и видео од настанот)

Надополнето: Видео од вебинарот за е-Маркетинг

Подолу е видеото од вебинарот за е-Маркетинг на е-Невладина. Дополнително на Тwitter можете да ги најдете мислењата и дискусијата која се водеше за време на вебинарот.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top