0 коментари 2 мин. читање 29 ноември, 2017

Баг во macOS овозможува администраторски привилегии на сите

Оперативниот систем на Apple, macOS, важи за побезбеден од Windows. Сепак, последниот пропуст покажува дека ниту тие не се отпорни на глупости.

Турскиот истражувач Леми Ергин откри дека ако во полето за логин се внесе „root“, по некоку притискања на „Enter“ компјутерот ќе се отклучи.

Секој корисник сега може да се најави како администратор на macOS единствено со внесување на логин „root“ и притискање на „Enter“. Со оглед на тоа дека не е потребна никаква вештина, ова е најверојатно најглупавиот пропуст кој сме го виделе досега.

https://youtu.be/ErXwuf_OUko

Пропустот му овозможува на некој кој нема никаков пристап до фајловите да добие администратоски пристап. Ако компјутерот има повеќе од еден корисник, тогаш пропустот може да се искористи и кога компјутерот е заклучен.

Единствена добра вест е дека пропустот нема да ги отклучи податоците кои се на криптирани со FileVault, јави Motherboard.

Apple веќе работи на закрпа за надминување на пропустот. За сите корисници на кои им е потребно итно надминување на проблемот има појаснување за поставуање на Root-лозинка.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top