0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2017

МАСИТ со подароци за децата од ранливи категории

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) со одлична идеја за тоа како да ги направи новогодишните празници поубави. Комората иницираше проект за обезбедување и донација на новогодишни пакетчиња за деца од ранливи категории.

Оваа година благодарение на поголемиот интерес, комората можеше да организира и поголем караван. Подароци добија децата од: државно училиште за деца со оштетен вид ,,Димитар Влахов” Скопје; Дом за деца без родители ,,11 Октомври” Скопје; и Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“.

,,Насмевките на дечињата од овој караван на донации се бескрајна инспирација да работиме и создаваме повеќе и ние како комора и компаните со кои работиме. Сметам дека постојат многу можности за подобрување на условите за развој на децата од загрозени категории и нашите залагања за 2018 година ќе ги насочиме во тој правец” – вели Елена Петрушевска, В.Д. директор на МАСИТ.

Според најавите комората и во иднина ќе продолжи со овие активности.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top