PC Magazine одделија исклучително кориснa опрема во нивниот мартовски број, а ние едноставно моравме да ги споделиме со вас.
Intel Vaunt Smart Glasses се паметни очила кои не само што изгледаат убаво и ненаметливо туку и се одликуваат со практични функции. На стаклата од очилата и во вашето видно поле можат да се проектираат најразлични информации како насоки до одредена дестинација, известувања за пристигнати пораки на вашата iOS или Android направа и слично. Хардверот кој го овозможува ова, се наоѓа во делот од рамките кој доаѓа зад ушите. Компанијата Intel планира да започне програма за ран пристап и да им овозможи да девелоперите рана верзија од очитала при крајот на годинава.
Petcube Bites e задолжително парче хардвер за сите љубители на миленичиња. Со камерата од направата можете да го надгледувате вашето милениче секојпат кога сте надвор од вашиот дом, како и да ги наградувате крзнените пријатели со зрнеста витамизирана храна преку посебниот диспензер. И камерата и пуштањето храна се контролираат од далечина, односно преку вашиот телефон. Што се однесува до храната, можете да подесувате и колку далеку храната да се исфрли. Верувале или не, имате на располагање и филтер за гледање во темница, звучник и микрофон за да може да му ги пеете омилени песни како и да го слушате миленичето како лае, мјаучи, рика, или завива. Дополнително, имате сензори за аудио и движење, како и можност веднаш да бидете известени кога сензорите ќе детектираат движење или звук. Ова ни се особено допаѓа, и некако наметнува второстепена природа на Petcube Bites, а тоа е невообичаен, иако, можеби, прескап безбедносен систем за надгледување. Petcube Bites чини 180 долари.
Osmotex Hydro_Bot е облека која не дозволува потта да се задржува туку ја префрлува влажноста и испарувањето од внатрешноста во надворешноста преку процес на електроосмоза. Технологијата е овозможена првенствено за активности во екстремни услови како качување на планина или работа на места со предизвикувачка околина и услови. Според компанијата, технологијата која го овозможува ваквото нешто може да се совпадне со различните нивоа на потење кај различни луѓе и во зависност од различните климатски услови. За наредната зима се очекува да понудат Hydro_Bot јакни.







