Најновата Hitman привремено доаѓа и во бесплатна форма

Во моментот кога студиото зад Hitman стана независно ги почести гејмерите со бесплатни мисии, а сега повторно се спрема да го направи истото.

Пролетниот пакет на најновата игра со каризматичниот атентатор ќе ви дозволи да си ги одмерите силите со Elusive метите, како и да добиете 20 нивоа на Mastery, неисклучувајќи ги опциите за отклучување оружја и предмети. Дополнително, за истата непостоечка цена, добивате над 100 предизвици сите Escalation договори и механики поврзани за втората епизода. Кога сме кај ова, сопствениците на бесплатниот пролетен пакет ја добиваат и целата втора епизода, со приказната World of Tomorrow, како и огромната територија Sapienza.

The Spring Pack стана достапен денеска, но ќе е бесплатен само до 3.април, така да погрижете се да го прикачите на вашиот Steam акаунт и да ја преземете играта. Во моментот кога ќе ја покренете играта, Sapienza е целосно ваша, а напредокот кој ќе го направите автоматски се пренесува кога и доколку ја купите целата игра.

Hitman Spring Pack е достапен за PC, PS4 и Xbox One, еве што добивате:

ICA локација

  • 2 мисии од приказната
  • 2 Escalation договори
  • 40+ предизвици
  • 17 достигнувања

Sapienza локација

  • ‘World of Tomorrow’ мисија од приказната
  • 12 Escalation договори
  • 20 нивоа на Sapienza mastery (6 отклучувања за опрема/оружја)
  • 120+ предизвици
  • 7 достигнувања
  • Master Sniper Challenge Pack (ја добивате Jaeger 7 Covert Sniper Rifle)
  • Plumber’s Apprentice Challenge Pack (добивате ладно оружје Claw Hammer)
  • Опција за играње на потешко ниво
  • Идна реактивација на Elusive метите во Sapienza

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments