Google Play Instant е како Instant Apps за игри

Image courtesy of Google

Инстант функционалноста на Google Play која е достапна за апликациите, доаѓа и за видеоигрите. Со ова корисникот нема да мора да инсталира игра за да може да ја тестира.

Како што е случај со апликациите, игрите ќе се стартуваат директно од Google Play без никаква потреба да се симнува играта. Instant Gameplay: Try now е достапна за неколку игри. Корисниците можат да ги пробаат: Clash Royal; Words With Friends; Solitaire; Final Fantasy XV: A New Empire; Bubble With 3 Saga и Mighty Battles. Секако целата функционалност не е додадена само за 6 игри, па најверојатно нови игри ќе бидат достапни наскоро. Проектот засега е во бета фаза, а развојниот тим сè уште работи на алатки за девелоперите за полесно креирање на инстант игри, вели TechCrunch.

Сепак иако не се симнува целата игра, дел од фајловите се преземаат. За Instant Apps тоа се 2 MB, а за игрите 10 MB. Со оглед на големината на игрите ова и не е премногу.

Целта е да се мотивираат корисниците да играат повеќе видеоигри и да пронајдат некоја која им се допаѓа. Ако не им се допаѓа не ја инсталираат, а ако им се допаѓа може и да си најдат простор на телефонот за играта. Со оглед на тоа дека просторот на најголем дел од телефоните е скапоцен ресурс, нема да биде изненадување Google Play Instant значително да помогне за популаризација на игрите на паметните телефони. Секако, и онака игрите се дел од најпопуларните апликации за телефоните.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments