MаркО ќе биде македонски асистент за телефони и паметни часовници

3 коментари 2 мин. читање

MarkO е нова апликација од македонското студио CodeWell која наскоро доаѓа за Android и iOS, а ќе ви помогне никогаш да не го заборавите она што ви е потребно. Апликацијата наликува на потсетник сличен на Google Now за паметен часовник, кој ве потсетува што треба да направите во вистинско време. Нотификациите пристигаат до вас точно во време кога ќе може да ги завршите потсетниците кои сте ги ставиле, па така на пример доколку сакате да купите цвеќе, телефонот ќе ве извести кога ќе бидете во близина на цвеќара.

[youtube]ZsFFbV3GVKc[/youtube]

Можеби МаркО ќе ве потсети на Any.Do или други to-do апликации, меѓу кои и македонската Theremind, кои имаат иста функционалност, кои исто ве потсетуваат штом сте блиску до локација. Но, како што велат од CodeWell, MarkO се разликува од другите бидејќи „овие апликации не даваат предлози за локации, како ни за типот на локациите. Некои од нив нудат само предефинирање на една точка на која доколку и се доближите, добивате известување“. МаркО ќе овозможува и „колаборација“, па за некои од обврските ќе можат да ви помогнат и пријателите.

Сепак за апликацијата да функционира беспрекорно потребно е локациите да можат да бидат пронајдени и препознаени, без разлика дали се маркети, цвеќари, маркети или аптеки. Идејата е одлична, но ќе почекаме да биде објавена апликацијата за да ја видиме реализацијата. Во меѓувреме, отворен е повик за бета тестери.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top