По завршување на „турнејата“ во 14 држави во Европа, Африка и Азија, Marketing Kingdom доаѓа во Македонија. Настанот е наменет за сите заинтересирани за иновативно рекламирање и комуникација. Marketing Kingdom е закажан за 30 септември, а билетите се веќе во продажба.
Дел од презентерите на настанот се Анја Јакубовски, генерален менаџер на Coca-Cola за Полска и Балтик; Ричард Харлес од Германија, задолжен за маркетинг активности на Shazam Entertainment; Џамал Ал-Мавед претставник на Rolls Royce Motor Cars; Ејми Греј од Visit Britain… Листата на говорници не завршува тука, а целата може да ја прегледате на веб-страницата на организаторот P-world.