Марк Закерберг објасни зошто Facebook има алатки за Париз, но го заборави нападот во Бејрут

Викендов се случи еден од најужасните терористички напади врз европска држава. Во Париз беа убиени над 130 луѓе и уште стотина се ранети по неколку бомбашки напади од терористи кои француските власти ги поврзуваат со Исламската држава. За време на нападот, најголемите дебати се водеа на друштвените мрежи, од коментари со емпатија, до ужасни коментари и релативизирање. Мета на критиките стана и Facebook бидејќи им овозможија на корисниците од Париз да ја користат алатката за катастрофа, но само еден ден порано терористички напад имаше и во Бејрут во кој загинаа над 40 луѓе. Но, нападот во Бејрут беше целосно игнориран од друштвената мрежа.

Дебатата се разжести до таму што некои го обвинуваат Facebook дека му е гајле само за жртвите кои се белци, дека ги игнорира Арапите. Ова го натера основачот на мрежата, Марк Закерберг, да реагира и да објасни зошто Safety Check беше активирана по нападите во Париз:

„Одбравме да го активираме Safety Check по нападите во Париз, бидејќи забележавме голема активност на Facebook додека настаните беа во тек. Додека ситуацијата на терен беше комплексна, несигурна и засегаше многу луѓе, Facebook стана место каде голем дел од нив бара информации за своите најблиски. Зборувавме со луѓето на терен кој сметаа дека има можност да помогнеме. Затоа донесовме одлука да да направиме нешто за првпат – ја активиравме Safety Check за нешто поразлично од природна незгода…

Во право сте, има многу важни конфликти во светот. Сочувствуваме со сите луѓе подеднакво, и напорно ќе работиме да им помогнеме на сите кои страдаат во вакви ситуации на секој начин кој ни е достапен,“ додаде Марк Закерберг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk