Хрватска виртуелна валута Vicoinz сака да заработувате од гејминг

во Останато

Хрватскиот стартап Vicoinz верува дека најде решение за онлајн видеоигри кои организираат гејминг турнири. Нивната идеја е едноставна, сѐ што треба за да купиш влезница на турнир е да го направиш тоа со виртуелна валута наречена Vicoinz.

Стартапот креираше дополнителна апликација за уплата во игри, и иако нивната идеја звучи малку необично, сепак првата игра која ја поддржува апликацијата (поради технички причини пред сѐ) е League of Legends, една од најголемите MOBA игри со над 67 милиони играчи глобално. Пoкрај можноста за купување на виртуелни монети, предвидена е можност и за заработување на валутата преку победи во натпревари или завршување на одредени in-game достигнувања, што гејмерите ги знаат како achievements. Заработката е достапна кога турнирите се во прашање и наликува на своевиден почетeн влог за учество во покер турнирите.

Идејата зад апликацијата доаѓа од желбата на еден од основачите да заработува додека истовремено ги игра своите омилени игри. Ова е можно и во моментов, за 2% од играчите кои се во самиот врв на е-спортот, но доколку се реализира планот на Vicoinz можеби и останатите ќе заработуваат играјќи. „За почеток корисниците ќе можат со своите Vizcoinz да купуваат различни дигитални и физички производи кои ќе бидат поддржани, но во план е и замена на дигиталната валута во реални пари,“ вели Netokracija.

Доколку успеаат да „загреат“ барем мал дел од League of Legends заедницата би можеле да се надеваат на голема популарност, а со тоа и интерес од играчите. Бројот на онлајн играчи кои секојдневно ја играат League of Legends е огромен, но главна причина за ова не е единствено забавноста на играта, туку и можноста да се игра потполно бесплатно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments