Основачот на Facebook, Марк Закерберг, на своето вчерашно интервју на TechCrunch Disrupt зборуваше за тоа како владините агенции лошо ја изработиле својата задача за заштитување на своите граѓани од тероризмот. Според Марк, тие ја уништиле целата таа акција.
Инаку, Facebook е една од компаниите за кои излегоа шпекулации дека е вклучена во програмата PRISM и соработува со NSA и FBI, а со тоа владините агенции добиваат пристап до пораките на корисниците, нивните фотографии, видеа и сите податоци кои се складираат на серверот на Facebook. Секако, тогаш од Facebook го негираа тоа, а во своето интервју на Disrupt Закерберг потврди дека работат на тоа да податоците на корисниците останат сигурни.
Сепак, тоа не значи дека Facebook нема да ги даде корисничките информации доколку тоа биде побарано од владините агенции. Во моментот, поголем дел од технолошките компании кои се најдоа на списокот на PRISM, бараат од FISA (Foreign Intelligence Surveillance Act) дозвола да објават повеќе детаљи за тоа кои информации ги имаат дадено по барање на владите.
Паралелно на оваа изјава, пред неколку недели Facebook го објави својот извештај за транспарентност, каде што го истакна вкупниот број на барања испратени од властите ширум светот до компанијата, како и процентот на испочитуваните барања. Девет од вкупно 38.000 барања испратени до Facebook беа од македонските власти.








