Google и EdX ќе го подобруваат онлајн учењето

во Веб, Софтвер

Google заедно во партнерство со EdX ќе го стартуваат проектот MOOC.org (Massive Open Online Courses) кој треба да се посвети на организирање на стотици бесплатни онлајн курсеви кои ќе им бидат понудени на училиштата и универзитетите ширум светот.

EdX платформата која е стартувана минатата година во партнерство помеѓу МИТ и Харвард, сега во партнерство со Google ќе ја развиваат платформата MOOC која ќе им овозможи на училиштата, универзитетите, дури и бизнисите и владите, да изградат и хостираат сопствени курсеви кои ќе им бидат понудени на корисниците.

Дополнително се работи на проширување на алатките кои ќе им бидат достапни на предавачите за подобро искуство при предавање. Предност на MOOC начинот на учење е во тоа што во било кое време и од било која локација можете да се вклучите и да ги слушате предавањата, да ги комплетирате задачите и да учествувате во форумите за дискусија.

Проектот ќе биде изграден користејќи ја инфраструктурата на Google, а ќе се прави и истражување како студентите учат користејќи ги новите технологии и како тоа влијае на образованието. Други слични платформи на EdX се Coursera и Udacity.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments