Google Glass официјално ќе излезе во комерцијална продажба следната година, а Explorer Edition „верзијата“ е најавена за почетокот на 2013-та, се открива во извештајот поденесен до Комисијата за комуникации на САД. Сепак, Verge вели дека има несогласувања со најавените очила и овие кои се пред комисијата. Наместо најавената 2.4GHz 802.11b/g/n Wi-Fi, комисијата разгледува 802.11 b/g Wi-Fi конекција. Покрај ова очилата ќе имаат 4.0 Bluetooth, но повторно начинот на полнење на уредот создава сомнеж бидеќи едните се со USB, а другите со „пин“ конектор.
Најинтересни засега се „звучниците“, поточно најавата е дека Google Glass ќе ги користи коските на черепот за да ги пренесе вибрациите до средното уво. Предност на пренесување на звук преку коските на черепот е што корисникот ќе може истовремено да го слуша и звукот на околината. Со оглед на тоа дека Google Glass е наменет за користење насекада, а пред се на улиците користењето на овој патент ќе биде очигледна предност. Вакви слушалки неодамна на CES претстави и Panasonic.
Иако нема точна најава за датата, се очекува дека купувачите кои платија 1.500 долари во претпродажба на Google Glass наскоро да ги добијат своите уреди.
[youtube]D7TB8b2t3QE[/youtube]







