Pokemon Go ни покажа дека проширеанта реалност може да биде многу, многу забавна. Сепак стартапот Reach Robotic и нивната платформа MekaMon ќе се обидат да надминат она што го направи Pokemon Go.
Компанијата креираше комбинација од роботи и проширена реалност која изгледа многу забавна. Роботите се управуваат преку таблет компјутер или паметен телефон. Истите можат да се надградат во вистинскиот свет, а овие модули влијаат на карактеристиката во виртуелната реалност. Секој модул има различна карактеристика, некои се подобри оружја, некој штит, а некои оклоп.

Играчите можат да играат кампања во проширената реалност. А откако ќе станат доволно добри можат да играат еден против друг. Во кампања играчите играат против непријател во апликација, односно во проширената реалност. Со телефонот управуваат со роботот и можат да го нападнат непријателот. Кога играат еден против друг апликацијата се претвора во контролер за роботот, па играчите се обидуваат со подобри маневри да го победат „непријателот“.
https://youtu.be/i1vGN6Az0q8
MekaMon засега не е достапен во отворена продажба. Првите роботи и модули ќе им бидат достапни на купувачите кои роботот го купија во претпродажба во јануари. Високата цена на MekaMon е најголемиот недостаток, а првите модели чинат 330 долари.