0 коментари 1 мин. читање 19 јули, 2012

TED: Од слика до проширена реалност со Aurasma

За да сфатите како работи нашата технологија мора да ја видите на дело, велат истражувачите Мат Милс и Тамара Роукартс од стартапот Aurasma. Тие на TED конференцијата ја претставија својата бесплатна апликација за Android и iPhone која е опишана како „прв визуелен прелистувач во светот“.

Стартапот развива технологија која го „анимира светот“, односно ви овозможува преку камерите на мобилните телефони да влезете во светот на проширената реалност кој е преполн со информации. Употребите на технологијата се бескрајни, од реклами на слики, до читање на нови информации во стари весници или претставување на туторијали на уред кој сте го купиле. Всушност, со апликацијата може да се креира и споделува виртуелна содржина едноставно како снимање на видео или додавање на слика.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top