Aпликација на денот: Кажете му здраво на Facebook Hello

2 коментари 1 мин. читање

Hello нова апликација за корисниците со Android телефони која ги ги поврзува Facebook профилите со повиците. Hello е поврзан со Facebook па можете да видите кој ве бара, да ги блокирате непожелните телефонски проеви или да барате луѓе и места, вели тимот за Facebook Messenger кои ја направија апликацијата.

Hello ги презема информациите од друштвени мрежа па така доколку некој ве бара од непознат телефонски број ќе може да ги видите податоците кои ги споделува. Ограничувањата за приватност остануваат исти како на друштвената мрежа. Hello е и налик на телефонски именик, но и нешто повеќе од тоа, бидејќи со помош на податоците од друштвената мрежа можете да го видите работното време, локацијата, па дури и да резервирате маса во некој ресторан директно од апликацијата. Доколку повикот доаѓа од повикувач кој е на листата на блокирани телефонски броеви, апликацијата автоматски ќе го префрли во говорното сандаче, од каде корисникот подоцна ќе може да ја преслуша пораката.

Апликацијата започнува со тестови во САД, Нигерија и Бразил, а во следните недели ќе бидат додадени повеќе држави. Hello е веќе достапен и може да го преземете од Google Play, поради ограничувањата во iOS кој недозволува интеракција помеѓу телефонските разговори и апликациите за сега нема најави дека ќе биде достапна за iPhone.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top