Македонско-британскиот Cognism со уште една инвестиција од 2.8 милиони фунти

во Вести

Македонско-Британскиот стартап Cognism кој користи вештачка интелигенција за унапредување на продажбата, по инвестицијата од 2 милиони фунти во април, денес повторно објави дека добиле инбестиција од 2.8 милиони фунти во инвестициски фондови од инвеститорите Oliver Wyman, SC Ventures, LCIF, Newable и други постоечки инвеститори. Финансирањето првенствено ќе се искористи за да се подобри решението за претпријатија и исто така да се прошири понудата во секторот за финансиски услуги.

Cognism бележи голем раст во приходите во 2018 година, со месечен раст од 23%. Компанијата во изминатата година значително го зголеми бројот на клиенти, ги мултиплицираше своите приходи  и го усоврши својот софтверот благодарејки на тимот во Скопје кој брои повеќе од 20 вработени.

“Cognism се движи надвор од продажната интелигенција и ја применува својата патентирана машинска разузнавачка технологија за да ги разбере приходите на ентерпрајс ниво. Со нашата нова инвестиција и соработка со Оливер Вајман, ќе можеме да ја претставиме нашата пионерска технологија Revenue AI на меѓународно ниво до врвните корпорации во светот, со што ќе го забрзаме растот на приходите “- Џејмс Исилеи, главен извршен директор на Cognism.

“Возбудливо е да се види Cognism како се развива со такво темпо и како се движи кон сервисирање на ентерпрајс ниво на клиенти. Соработката со Оливер Вајман ќе му овозможи на Cognism да ги подобри своите решенија за подобро да одговори на потребите на клиентите на ниво на претпријатија, со што ќе можат да го зголемат нивниот раст на приходите. Горди сме што го поддржуваме Cognism на ова возбудливо патување “, вели Татјана Забасу Микуж, управен партнер на SC Ventures.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk