Македонските брендови не се поврзуваат со корисниците на Facebook

Околу 5 коментари и 62 лајкови. Толку во просек добиваат постовите од најпопуларните македонски брендови на Facebook, вели агенцијата Рејтинг со своето ново истражување, кое подетално ќе биде претставено на овогодинешната конференција за интернет маркетинг, AllWeb.

Истражувањето, чија цел беше да ја анализира ефективноста на македонските брендови на друштвената мрежа, покажува дека брендовите најмногу споделуваат фотографии, дури 69 отсто, а 14 отсто од сите постови се линкови. Само 3,5 отсто се видео содржина. Истражувањето е направено во два дела, во кој се анализирани околу 3.600 споделени постови на најпопуларните 45 македонски брендови, односно квантитативно се анализирани 300 објави и степенот на интензитетот на емоциите на постот, објаснува Никола Спасов, директорот на Рејтинг.

Но просекот, кој е релативно мал, е добиен благодарение на спонзорираните постови. Овие платени постови привлекуваат најмногу публика, лајкови и коментари пред се бидејќи Facebook ги пласира најдобро во фидот за вести, додека постовите за кои не се плаќа се затскриваат од публиката. Ова можеби е еден од триковите на Facebook, но од друга страна исто така е проблем на македонските брендови кои немаат голема интеракција со корисниците. Според анализата, компаниите не инвестираат доволно во оригинална содржина за друштвените медиуми, и затоа најголем број постови „се во функција на промоција на производи или услуги, при што истите ретко содржат елементи и емоции кои поттикнуваат споделување или интеракција“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk