0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2018

Magic Leap One им „падна“ во раце на iFixit

Популарниот портал iFixit успеја да дојде до новите очила за проширена реалност Magic Leap One. Секако ова за нас значи презентација од еден поинаков и поинтересен вид, а и дека ќе може да ѕирнеме внатре во уредот.

Вообичаено расклопувањето не е до најситните делови, но се чини дека сега направија исклучок и го расклопија ама баш до најситните елементи.

Секоја од леќите на Magic leap доаѓа со 4 инфрацрвени сензори кои ја следат положбата на окото. Овие сензори се заедно поврзани, и се управуваат од еден центар. Проекторот е изработен во 6 сегменти. Половина од овие (3) се користат за блиску, другата половина за далеку. Секој од светлинските брановоди пренесува една боја (RGB).

Што се однесува до остатокот нема изненадувања, и хардерот е Nvidia Tegra X2,  8GB RAM и 128 GB простор. Уредот има и единица за видео процесирање со 512 GB DDR4 RAM, забележа ArsTechnica.

Оценката за сервисирање на уредот е 3 од 10, иако се чини дека не се претерано строги. Најголем недостаток е неможноста за промена на батеријата без одлемување на матичната плоча и куп залепени делови. Дополнително, нема баш никаков начин за надградба. Ова можеби не е проблем за телефони кои се значително поевтини, но Magic Leap чини 2,300 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}