1 коментар 1 мин. читање

Македонскиот тим Edge освои две награди на Nordeus Hackaton 2014

Македонскиот тим Еdge се враќа од Белград со две награди од регионалниот Nordeus Hackaton. Тимот за само 24 часа успеа да направи игра Hot Escape која беше изгласана како игра со најдобар гејмплеј, и како најдобра игра според публиката. Тимот е составен од Ангел Ќосески, Ненад Каевиќ, Никола Јордановски и Филип Николовски.

На хакатонот, организиран од српската компанија Nordeus, 11 тима од регионот се натпреваруваа во креирање игри во рок од 24 часа. Игрите мораа да бидат тематски, но темата не беше откриена до почетокот на натпреварувањето за да биде предизвикот поинтересен. Од тоа што може да се види – игрите се достапни за симнување – тимовите си ја завршија работата одлично, и направија навистина интересни игри. Пример, играта на Edge е за бегство од спална на швалерката, изработена со Unity енџин. Moжеби некои игри си имаат свои багови, но каква игра би направиле вие за само 24 часа?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top