{mosimage}Google неодамна претстави нов сервис наречен “Google Profiles” кој им овозможува на корисниците да создадат свој профил и да контролираат кои информации ќе бидат поврзани со нивното име. Процесот на создавање на профил е доста лесен и одзема само неколку минути, а сервисот дополнително е поврзан со сите пребарувачки продукти на компанијата, што го прави уште поинтересен за користење.
Целта на Google со Profiles им е да им овозможи на луѓето самите да одберат како ќе бидат претставени во нивниот пребарувач. Преку една централна страница можете да споделите подетални информации за себе, линкови до профили на друштвени мрежи како и вашите сајтови. Има одличен број на функции како додавање на слики од Flickr или Picasa на профилот, овозможува на сите посетители кои имаат акаунт на Google да ве контактираат преку "Send a message" опцијата без притоа да ги имаат вашите контакт информации, контролирање на сајтовите поврзани со вашето име и друго…
За да направите свој Google профил, еве ја постапката:
1. Отидете на страната http://www.google.com/profiles и кликнете на Create My Profile
{mosimage}
2. Внесете го вашето Google корисничко име и лозинка доколку веќе имате отворено сопствен акаунт или Gmail адреса. Доколку намате, отворете првин Google акаунт – па потоа вратете се првиот чекор.
{mosimage}
3. Откако ќе се логирате со вашиот Google акаунт, пополнете ги полињата (барем оние информации кои сакате да ги споделите). Можете да внесете и кратка биографија како и да ги додадете линковите до вашите профили и сајтови, дури можете да го поврзете со профилот и вашиот Google Reader акаунт. На крај од овој чекор, ќе бидете запрашани дали сакате да создадете уникатна URL адреса за вашиот профил, што е пожелна опција.
{mosimage}
{mosimage}
4. Откако ќе кликнете Save, вашиот профил ќе биде создаден и ќе бидете препратени до него. Доколку сакате да извршите измени на профилот, логирајте се на линкот од чекорот број 1 со истото корисничко име со кое првично го имате отворено профилот и направете ги измените.
{mosimage}
5. Потоа, кога ќе го пребарувате вашето име, најдолу ќе го забележите вашиот профил:
{mosimage}






