0 коментари 2 мин. читање 25 август, 2017

Македонски државјанин осуден за користење на иронични, навредливи и несоодветни зборови на друштвените мрежи

Судскиот спор за нарушување на угледот на претседателот на Турција, дојде до разрешница. Основниот суд Скопје го прогласи за виновен Е. А. за навреда на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Судскиот процес започна на барање на Амбасадата на Турција во Македонија.

Осудениот е со две државјанства, македонско и турско. Лицето Е.А. е осудено на парична казна од 24.600 денари, a доколку не ги плати, ќе мора да одлежи затворска казна, јави Anadolu Agency.

Во пресудата се наведува дека обвинетитот „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“. Претходно во обвинението беше наведено дека „обвинетиот преку својот профил на друштвена мрежа наштетил на угледот на Република Турција и на претседателот Ердоган“. Тужбата е поднесена на крајот на 2016 година.

Пресудите поради статуси на друштвени мрежи во Македонија не се честа пракса.  Сепак, уште во 2012 година Велешкиот суд ја изрече првата казна за навреда на Фацебоок.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top