Компанијата која тргува со безбедносни пропусти Zerodium од Вашингтон понуди награда од 500.000 долари за секој „zero-day“ пропуст.
Наградата се однесува на пропусти во неколку апликации: Signal, WhatsApp, iMessage, Viber, WeChat и Telegram. Поголемата безбедност и заштита на разговорите на корисниците, го направи хакирањето на поединците потешко, па и цената на пропустите отиде нагоре. Слична цена имаат и пропустите во имејл апликациите, пишува Ars Technica.

Zerodium е контроверзна компанија од самото основање често е обвинувана дека не бира на кого му ги продава пропустите. Поради компанијата страдаат дисиденти, новинари, адвокати и повеќе „државни непријатели“ во држави со недостаток на демократија.
Компаниајта промени повеќе цени за различни оперативни ситеми и апликации. Jailbrake на iOS останува со највисока награда 1.5 милиони долари. Еве дел од останатите пропусти кои ги бара компанијата:
- Windows 10 без интеракција од корисник: 300,000 долари
- Apache Web Server: 150,000 долари
- Microsoft Outlook: 100,000 долари
- Mozilla Thunderbird: 80,000 долари
- VMware: 80,000 долари
- USB извршување на код: 30,000 долари
Зголемена е и цената за некои од безбедносните пропусти:
- Chrome, на 150,000 од 80,000 долари
- PHP на 100,000 долари од 50,000
- OpenSSL крипто библиотека за имплементација на TLS, на 100,000 од 50,000 долари
- Microsoft Exchange Server, на100,000 од 40,000
- The TOR version of Firefox за Linux, на 100,000 од 30,000 долари
- The TOR version of Firefox за Windows, на 80,000 од 30,000
Zerodium купува и куп други пропусти.