0 коментари 2 мин. читање 25 август, 2017

Kaspersky предупредува, нов малициозен код се шири преку Facebook Messenger

Kaspersky Lab предупредува дека нов мулти-платформски малициозен код се шири преку Facebook Messenger.

Се чини дека никогаш нема да бидат довoлно советите „Не ги отварај сите линкови и видеа кои ти стигаат на Facebook“. Новиот малициозен софтвер се шири преку чет платформата и може да инфицира повеќе оперативни системи.

Начинот на ширење не е нов. На Messenger пристига порака со наслов „(Име) видео“ и bit.ly линк. На примерот на Kaspersky порака е „David Video“. На линкот е Google документ, со слика која е  претходно собрана од жртвата и заматена да наликува на видео. Но, кога корисникот ќе се обиде да го пушти видеото, го префрла на куп страни кои собираат податоци за прелистувачот, оперативниот систем, и слично. Потоа, во зависност од оперативниот систем, се редиректираат на различни страници, објаснува Kaspersky.

Image: Kaspersky / Изглед на Google Doc фајлот

Секоја од страниците понатаму е различна за секој оперативен систем и прелистувач. Корисниците на Mozilla се префрлени на страница која инсталира „надградба на Flash“. Корисниците на Chrome се префрлаат на копија на YouTube.

Понатаму софтверот закачува куп интернет колачиња на корисникот и ја следи неговата активност и му презенитра различни реклами и линкови.

Како пораките започнуваат да се шират преку Messenger, за сега е непознато. Kasperky истражува како порактие се шират, дали се користат украдени податоци, преземање контрола врз прелистувач или преземање контрола врз кликовите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top