Речиси и да не можеме да замислиме како би поминал обичен ден без интернет. За добар дел од активностите веќе се навикнавме да користиме интернет, а тука остануваат и куп веб страници кои ги посетуваме. Ниту сервисите, ниту страниците не би постоеле без регистриран домен и хостинг.
Под домен се подразбира специфичен сет на уникатни податоци кои се користат за идентификување на IP адреса. Доменот на „https://www.it.mk/domen-registrari…sting-provajderi/“ е it.mk. Последниот дел, во случајов „mk“ е топ левел домен, бројот на топ левел домени е ограничен и со нив менаџира ICANN. На пример топ левел домен може да биде „com“, „gov“, „org“, „uk“ или „mk“.
Под хостинг се подразбира обезбедување на простор на сервер на кој „постои“ веб страницата.
Во Македонија 18 компании ги нудат овие услуги:
- Zemi.mk
- Mkhost.mk
- Uhost.mk
- Ihost.mk
- Inhost.mk
- Registar.mk
- Domains.mk
- Maxhosting.mk
- Gohost.mk
- Digihost.mk
- Prohost.com.mk
- Server.com.mk
- Ddhost.mk
- Globalnet.mk
- Next-em.com.mk
- Neotel.mk
- Vip.mk
- Telekom.mk
Неодамна анализа на понудите и цените на понудите направи Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ. Анализата на институтот е поделена во два дела. Во првиот е понудата и цената за регистрација на домените, а во вториот цената и понудата за хостирањето. Со оглед на тоа дека анализата ги опфаќа сите провајдери и сите понуди, очекувано и анализата е подолга.
Zemi.mk
Ова е брендот на Vortechs Media, нудат латинични „mk“ и кирилични „мкд“ домени. Обновата на регистрација е нешто поевтина од почетните регистрации, а секако има поволности за подолгите договори. Најскапа е едногодишната регистрација на домен која чини 700 денари, а за обнова во траење од десет години цената е 470 денари за година.
Zemi.mk не нуди интернационални .com, .net, .org домени.
Кога хостингот е во прашање серверите на провајдерот се лоцирани во ЕУ, а на своите корисници им нудат 3 пакети. Цените на пакетите се движат од 1000 до 3000 денари, во зависност од пакетот може да бидат вклучени помеѓу 1 и неограничен број на домени. Пакетите доаѓаат со неограничен број на поштенски сандачиња. Во пакетите е вклучен простор помеѓу 2 и 30 GB.
Mkhost.mk
Ова веројатно е најпопуларниот провајдер во Македонија. Цената за регистрација е 1000 денари годишно, а за обнова на домен 700 денари за 1 година. На долг рок (10 години) цената за регистрација е 560 денари годишно, а за обнова 530 денари.
Покрај mk и мкд домени Mkhost ги нуди и останатите топ левел домени. Mkhost важи за еден од хост провајдерите кои уживаат најмногу доверба и нудат најквалитетна услуга.
И МкХост нуди три пакети, а почетната цена е 2440 денари. Пакетите започнуваат со простор од 1GB, па до 25GB. Во зависност од пакетот, вклучени се од 1 до 10 домени. Во поглед на меил адресите, кај сите три пакети понудата е неограничена.
Uhost.mk
Компанијата постои веќе 10 години и нудат меѓународни и македонски домени. Цената на регистрацијата за период од 1 година е 850 денари, а за обнова 690 денари. Пакетот од 10 години чини 6550 за регистрација и 6290 за обнова.
Uhost нуди 5 пакети за своите корисници почетна цена од 1390 денари. Просторот започнува од 1GB па сѐ до 20GB. Како и кај другите хостинг конкуренти, и Uhost нуди неограничен број на меил сандачињa.
Ihost.mk
Ihost нуди македонски и интернационални домени. Цената за регистрација е 890 денари, а за обнова 790 денари годишно. Провајдерот нуди некои од светските топ левел домени, но не нуди кирилични .мкд домени.
Понудата на iHost доаѓа во 3 пакети и се движи од 1200 до 4800 денари. За овие пакети просторот се движи од 1 до 10GB.
inhost.mk
Inhost е провајдер кој произлегува од ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ. Компанијата нуди регистрација на .mk домените за цена од 930 денари, додека пак за обнова изнесува 620 денари.
Како и поголем дел од провајдерите и inHost нуди 3 различни пакети. Цената започнува од 1900 денари и се движи до 4000 денари. Најевтиниот пакет доаѓа со 1 GB простор, а „најдарежливиот “ со 5 GB. Бројот на сандачиња за електронска пошта е неограничен.
Registar.mk
Цената за регистрација и за обнова на доменот на Registar.mk е 777 денари. Дополнително, сервисот не нуди подолготрајни пакети од 2 до 10 години.
Domains.mk
Веројатно се попрепознатливи по компанијата сопственик, Unet. Регистрација на .mk домени чини 1000 денари, додека обновата изнесува 800 денари; com, net и org домените чинат 1000 денари. Најдолгиот пакет во траење од 10 години чини 6600 денари за регистрација и 6220 денари за обнова, сепак недостасуваат кириличните .мкд домени.
UnetCloud.mk и Domains.mk имаат ист сопственик, Unet. Нудат 5 различни пакет од 1500 до 7000 денари годишно. Во зависност од пакетот просторот се движи од 500MB до 25 GB. Интересно е што различните пакети доаѓаат со различен број на сандачиња за пошта што не е случај со другите провајдери.
Maxhosting.mk
Цените за регистрација на македонските .mk и .мкд домени започнуваат од 800 денари додека пак за обнова изнесува 650 денари годишно. Добра вест е дека има долготрајни пакети од 2 до 10 години, но ни недостасуваат генеричките домени.
Максхостинг во својата понуда вклучува четири хостинг пакети со почетна цена од 1000 денари годишно. Големината на пакетите започнува од 1GB па се движи до 5GB. Во својата понуда имаат ограничен број на меил сандачиња, секако во зависност од пакетот, бројот се движи од едно до илјада. Бројот на домени исто така се движи од еден до 5.
Gohost.mk
Gohost.mk нуди основни домен и хостинг услуги; регистрација на .mk и .мкд домени е по цена од 999денари, а за обнова се плаќа 800 денари. Цената се однесува и на интернационалните генерички домени. Сепак нема можност за стапување во подолгорочни договори.
За 2150 денари корисниците можат да го закупат најевтиниот од трите пакети на Gohost. Овој пакет
вклучува од 2 до 10 домени, а останатите два пакети се со неограничен број. За најмалиот пакет, бројот на веб просторот не е дефиниран и истиот изнесува од 3 до 100GB. Кај сите три пакети, бројот на меил сандачиња е неограничен.
Digihost.mk
Digihost.mk нудат регистрација и обнова на mk и мкд домени. Цената за регистрација е 1000 денари, а за обнова 800 денари. Покрај ова има можност и за подолготраен договор од 2 до 10 години.
Во својата понуда Digihost вклучуваат 4 пакети. Претплатата се движи од 2000 до 7000 денари. Веб просторот се движи од 1 до 10GB зависно од пакетот, а бројот на меил адреси е неограничен во сите пакети.
Prohost.com.mk
Нудат регистрација на .mk домени за цена од 899 денари, а обновата за истата изнесува 649 денари. Освен тоа, постои можност за регистрација во период од две до десет години. Почнувајќи од 899 денари Prohostнуди и регистрација на генерички домени.
И Prohost на своите клиенти им нуди четири пакети. Почетна цена е 1500 денари со веб простор започнувајќи од 2GB. Бројот на меил адреси започнува со 10 во најмалиот пакет, додека пак во останатите три пакети бројот е неограничен. Цената на најскапиот пакет е 9000 денари.
Server.com.mk
Нудат регистрација на .mk домени по цена од 840 денари, додека пак обновата на доменот изнесува 640 денари. Дополнително за 700 денари нудат и регистрација на генерички домени.
Server.com.mk нудат 5 пакети, започнувајќи од 1000 денари. Овој пакет доаѓа со 2GB веб простор. Најголемиот пакет чини 10 000 денари и доаѓа со 50 домени и 50 GB простор.
Ddhost.mk
Ddhost.mk е хостинг одделот на ДДКом. Цена за регистрација на .mk и .мкд домените изнесува
950 денари, додека пак обновата е 590 денари. Пакетот од 10 години чини 5133 за првата регистрација и 4720 денари за обнова.
Ddhost нудат три основни хостинг пакети. Цената на основниот пакет е 1500 денари годишно, и во пакетот е вклучен и веб простор од 2GB. Бројот на регистрирани домени во зависност од пакетот изнесува 1, 5 или 10, меил адресите во сите пакети се неограничи.
Globalnet.mk
Регистрација на .mk домените кај Глобалнет изнесува 944 денари, и обновата е 767 денари.
Компанијата нуди и регистрација на генерички домени по цена од 1180 денари, а тоа е и цената за обнова. За жал нема можност за регистрација на мкд домените, а и цените се во највисоките.
Од некоја причина, цените на Globalnet се без вклучен данок. Па така пакетот кој се рекламира за 2400 денари всушност чини 2820 денари. Цената на пакетот насловен како „корпоративен“ е 7000 денари, откако ќе се додаде данокот. Што се однесува до веб просторот се движи од 2,5 GB до 20 GB.
Next-em.com.mk
Next-em врши регистрација на македонските домени по цена од 950 денари, а обновата изнесува 480
денари.Покрај македонските, нудат и интернационални домени.
Hostiraj.com.mk е хостинг одделот на Next-em, Во својата понуда имаат три хостинг пакети кои се
со можност за шест месеци или на годишно ниво. И тука цените се без пресметан данокот на додадена вредност.
Просторот се движи од 1 до 32GB, а бројот на меил адреси во сите пакети е неограничен.
Neotel.mk
Неотел нуди регистрација на .mk и .мкд домените по цена од 850 денари годишно, а сумата за обнова изнесува 650 денари. Постои можност за регистрација за период од две до десет години. За жал Neotel не нуди регистрација на генерички домени.
Цената на пакетот за 10 години е 5800 денари за регистрација, односно 5600 денари за обнова.
Хостинг пакетите на Neotel се движат од 4000 денари д0 10 000 денари. Во цените е вклучен веб простор од 100 MB во основната понуда до 1 GB во ултра понудата. За поголем простор потребна е доплата.
VIP.MK
Вип нуди регистрација на .mk домени по цена од 1000 денари, додека пак обновата изнесува 800 денари.
Не нудат можност за регистрација на кириличниот .мкд домен и нема можност за регистрација на генеричките интернационални домени.
Исто така вреди и да се забележи и неможноста за регистрација или обнова на домени за период подолг
од година дена односно до десет години.
Vip во својата понуда има 4 хостинг пакети. За основниот пакет корисникот треба да издвои 3600 денарим а за премиум пакетот 21 600 денари. Веб просторот е мал од 100MB до 1,5 GB и за повеќе простор е потребна доплата.
Telekom.MK
Телеком нуди регистрација на .mk домен за цена од 600 денари годишно. На интернет страницата не е наведена цената за обнова. Македонски Телеком нуди опција за регистрација на домен во времетраење од две, три, пет и десет години, но не и регистрација на кириличен мкд домени и интернационални генерички домени.
Телеком во својата понуда има три хостинг пакети. Почнуваат од 2820 денари годишно, па се до 14150 денари. Во однос на веб просторот пакетите се движат од 1 до 20GB, додека пак бројот на меил сандачиња во сите три пакети изнесува 10. Додавањето на повеќе сандачиња или повеќе простор се доплаќа.
Telekabel.mk
Телекабел нема во својата понуда домени, но има 5 хостинг пакети. Цена на основниот пакет е 900 денари годишно. Истите вклучуваат веб простор од 300MB па сѐ до еден и пол гигабајт простор. Бројот на сандачиња за електронска пошта се движи од 5 до 100, додека пак бројот на домени што може да се регистрираат на еден пакет се движи од 1 до 4.
Заклучоци и препораки од ИНРЕКОМ
Домени
Најевтин домен регистрар од анализираните 18 компании, за период од една година е Македонски Телеком со цена од 599 денари. На второ место е Земи.мк со 699 денари а на трето место е Регистар.мк со 777 денари. Во поглед на обновата на домените, најевтин е Сервер.ком.мк со цена од 460 денари годишно. На второ место е Некст-ем со 544 денари, додека пак Земи.мк е на третото место цена од 549 денари.
Хостинг
Според јавно достапните податоци кои ги има во компаративната анализа, произлегува дека најевтин пакет пакет, со 2GB веб простор нуди Сервер.ком.мк за цена од 990 денари годишно, додека пак на
второ место е Земи.мк со исто така 2GB простор за цена од 999 денари. На трето место, но со 1GB простор е Максхостинг. Исто можеби најевтин пакет со 900 денари нуди Телекабел, но истиот не го пласираме на првото место бидејќи нуди само 300MB што е далеку во споредба со 2GB просторот кај останатите хостинг провајдери.
[…] потребите на вашата веб-страница. На следниов линк има листа на хостинг провајдери во […]
GoHost.mk нуди 1GB бесплатен CPanel Linux Hosting пакет со секој регистриран домен.
Кога ова ќе се стави во цената за регистрација/обнова на домени, се добива најевтина комбо понуда особено за нови компании.
ГоХост.мк – Домени”
Исто така нудат повеќе години договори за закуп на домени, хостинг, VPS cloud сервери и сл.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]