Веќе пишувавме за првата македонска игра на табла, Rise to Nobility, на компанијата Final Frontier Games, студио основано во 2014 година во Скопје кое го сочинуваат Ивана и Војкан Крстевски, Тони Тошевски и Маја Матовска.

Новоста во овој случај е тоа што Kickstarter кампањата кои тие ја пласираат со цел да соберат средства за реализација и продажба на играта го надмина прагот од 100.000 американски долари. Поточно, во моментот на објавување на овој текст кампањата има 105.439 американски долари од таргетирани $19.000. Со повеќе од 1.400 поддржувачи и преостанати 25 дена во кампањата, крајниот исход ќе биде доста интересен.
Доста интересен факт е тоа што најголем број од поддржувачите се одлучуваат да дадат сума од $59 долари со што добиваат Rise to Nobility DELUXE сет.
- Поддржувачи со придонес од 1 – 5 долари: 112
- Поддржувачи со придонес од 5 – 7 долари: 20
- … со придонес од 7 – 49 долари: 25
- … со придонес од 49 – 59 долари: 76
- … со придонес од 59 – 129 долари: 1.033
- … со придонес од 129+ долари: 157








