0 коментари 2 мин. читање 10 април, 2017

Европа со нов акцелератор за стартапи

Data Pitch е нов европски стартап акцелератор, дел од Horizon 2020. Акцелераторот треба да ги спои компаниите кои имаат куп податоци, со стартапите кои сакаат да ги искористат истите.

Европската Унија за оваа намена ќе инвестира 7.1 милиони евра за следните три години, јави TechCrunch. Најголем дел од овие средства, 4.8 милиони евра ќе одат директно во стартапите, преку акцелераторската програма. Предвидени се инвестиции во 50 стартапи, а секој од нив би можел да добие најмногу 100.000 евра.

Технологијата со која би можело да се добие финансирање е стандардна последниве неколку години. Главните области се:

  • Паметни градови;
  • Храна и агрикултура;
  • Здравје и добробит;
  • Продажба;
  • Приватност на податоци;
  • еТуризам;
  • Финансии и телеком

Финансиите ќе се доделуваат за проблеми кои ќе треба да се надминат. Добитниците и најдобрите решенија ќе се избираат и креираат на хакатони.

„Во дигиталната ера секоја организација, без разлика дали е јавна или приватна, голема или мала, генерира значителни податоци. Не сите компании можат овие податоци да ги искористат ефикасно. Со Data Pitch ќе креираме отворен иновациски модел и ќе го примениме во Европа. Ќе споиме дел од најголемите претприемнички умови од 28 држави и ќе им помогнеме да надминат важни предизвици – за економијата, за околината, за науката и за општеството во целост.“,

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top