0 коментари 2 мин. читање 12 декември, 2017

Стив Возниак, Тим Бернерс-Ли и Винтон Церф до FCC: „Не разбирате како функционира Интернетот!“

„Не разбирате како функционира Интернетот“, ова е пораката која Пионерите на интернет и ја испратија на Федералната комисија за комуникација. Во писмото се бара од Федералната комисија за комуникација да го откаже гласањето за предлогот.

„Предологот ќе овозможи надзор на Комисијата над интернетот, без притоа да обезбеди адекватна замена која ќе ги заштити корисниците, слободниот пазар и онлајн иновациите“, велат Пионерите на интернет во соопштението.

Една од причините за острото писмо до Федералната комисија за комуникација е игнорирањето на претходните соопштенија. Од групата испратија неколку објаснувања за грешните претпоставки кои ги прави комисијата и на нив ја  заснова својата одлука.

Но, невољите на комисијта не завршуваат тука. Истрагата покажува дека добар дел од порактие кои го поддржуваат менувањето доаѓаат од украдени профили. Дополнително, 500.000 коментари доаѓаат од руски имејл адреси. FCC не одговорила на барањата на јавниот обвинител од Њујорк, вели Wired.

Гласањето со кое ќе се одлучува за предлогот е закажано за 14 декември. Викендот на неколку локации во САД се одржаа протести во поддршка на интернет неутралноста.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top