0 коментари 2 мин. читање 9 септември, 2014

Македонската игра Excubitor сака да го освои првин Steam, потоа и светот

Excubitor, играта на македонското студио Tesseract Interactive кои ја реализираа со 30-те илјади евра инвестиција од LAUNCHub, сега е објавена на Steam Greenlight. Greenlight е платформа на која оценуваат игри од гејминг заедницата, пред да бидат продавани на Steam.

Играта треба да е меѓу топ 100-те игри пред да биде земена во предвид Steam, но засега коментарите се позитивни, и во првите два часа играта собра околу 200 гласови. Ова им дава надеш на Tesseract дека Steam ќе им биде отскочна даска за играта која е наменета за десктоп компјутерите.

„Oсвен Steam може да ја пласираме и на други слични диструбитери, но Steam има Greenlight програма“, вели Александар Јовановски, дизајнер во Tesseract Interactive. „Ако сме greenlit тогаш ќе имаме поголеми шанси да најдеме финансии бидејќи ќе сме пласирани на пазарот“.

Excubitor започна како хоби од неколку пријатели кои го формираа студиото Tesseract Interactive со цел некогаш да ја објават играта. Таа цел им се оствари со помош на бугарскиот стартап акселератор LAUNCHub кој инвестираше 30.000 евра во стартапот. Но, парите дојдоа од акселератор кој немаше искуство со игри, па по неколку месеци работа во Софија со македонското студио – кое мораше да се регистрира во Бугарија за да го искористи европскиот фонд – на крај успеаја да ја реализираат конечната верзија.

Сега планот е да се објави играта првин за PC, потоа за Mac, Linux и за конзолите, доколку се соберат доволно пари да се платат лиценците. Засега Tesseract нема да прави мобилна верзија, бидејќи тоа би значело дека „ќе мора да ја правиме играта од почеток“, вели Александар.

[youtube]ZckzTMfARsE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top