0 коментари 1 мин. читање

Google може да ги препознае сите предмети на фотографии

Google работи на „подлабоко разбирање на сликите“ и препознавање на предметите на нив, објави компанијата на Google Research блогот. Компанијата на ImageNet computer vision натпреварот се претстави во две од шестте категории на технологии за препознавање на слики, и оваа година двојно го зголеми бројот на успешно препознаени слики од 22,5 на 43,9 отсто. Натпреварот се одржува секоја година од 2010 година, во организација на Станфорд, Принстон и Колумбија универзитетите. Пријавените тимови користат напреден софтвер кој се инспириран од биолошкиот вид, за детекција, лоцирање и класификација на слики од различни извори како на пример Twitter.

„Оваа година за натпреварот е историска. Тоа што навистина е возбудливо се перформансите кои направија огромен исчекор“, вели Феи-Феи Ли од Универзитетот Станфорд, за New York Times. Софтверот на Google може да детектира и да препознае голем број на објекти на сликите, дури и ако делови од нив се задскриени. Компјутерските системи кои се „копија“ на човечкиот мозок ќе овозможат побрзо рафинирање на на критериумите без притоа да се зголеми потребата од процесирачка моќ.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top