0 коментари 1 мин. читање 5 ноември, 2018

Македонската Counter Strike репрезентација ги доби противниците во групата на Светско е-спорт првенство

Македонската репрезентација во Counter Strike Global Offensive ги доби противниците за претстојното Светското е-спорт првенство кое ќе се одржи во Каошиунг.

Македонија е во групата Б, со Израел, Данска и Намибија. Групата е релативно лесна, вели претставникот на Македонската е-спорт федерација во Facebook-пост. Најголем конкурент за првото место ќе биде репрезентацијата на Израел.

Претставник на Македонија е тимот на Vilay Esport, во состав: Борче „boro“ Ѓоргиевски, Кристијан „kilera“ Куковски, Димитар „ranniN“ Аврамоски, Иван „sao“ Цветаноски и Душан „duksi“ Кацески.

За да ја поминат групата и да продолжат понатаму на Светското првенство на репрезентативците ќе им бидат потребни 2 победи.

Натпреварите започнуваат оваа недела и секако ќе има пренос на Twitch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top