0 коментари 2 мин. читање 5 ноември, 2018

Колку повеќе трошите толку подобра услуга?

„Не сите корисници се креирани исти“, вели Петер Федер, професор по Маркетинг на Универзитетот Пенсилванија. Дел од корисниците задржуваат поголем напор од другите, а само еден дел од корисниците го заслужуваат најдоброто, вели професорот за Wall Street Journal.

Ако двајца корисници се јават за иста работа на грижа за корисници и едниот чека 1 час за одговор, а другиот го добива веднаш, можеби станува збор за „вредност на корисникот во тек на животот“ (customer lifetime value).

Customer lifetime value, скратено CLV е заснован на куп податоци од трансакции. Бројот го има секој кој има сметка во банка, телефон, или кој купува онлајн.

Врз база на оваа оценка, понатаму компаниите како банки кои издават платежни картички одлучуваат кој корисник каде оди. На пример, корисниците со висока вредност се препраќаат до најискусните и најдобри агенти. Корисниците се ниска вредност може и никогаш да не дочекаат да зборуваат со некого.

Користењето на ваков вредносен систем им помага на компаниите полесно да инвестираат во скапи инвестиции, ако знаат дека имаат доволно предани корисници.

„На некој начин оценката е само технолошка верзија на нешто што продавачите во продавница го прават со генерации – прават проценка на клиентите врз база на изгледот и однесувањето“, вели WSJ.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top