Amazon го претстави Snowball, складиште од 50TB кое е поврзано со облакот

во Хардвер

Amazon Web Services го презентираше Amazon Snowball, физичко складиште со кој корисниците ќе можат да ги испраќаат своите податоци на облакот на Amazon. Станува збор за хардвер кој е тежок околу 20 килограми, наликува на патничка торба, а на него има простор за 50 терабајти податоци. Откако ќе биде „наполнет“ Snowball се испраќа до Amazon Web Services каде се префрлаат податоците на облакот. Постои можност за поврзување на кутиите од еден клиент, а кутиите се робусни и нема едноставно да се уништат при транспорт.

Идејата за креирање на хардвер од еден од најголемиите облак сервиси, не е изненадување, уште повеќе – Snowball самиот е дел од облак инфраструктурата, па овој начин може да е поедноставен за префрлање на податоците од новите корисници.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] е надградба на AWS Snowball која минатата година ја претстави Amazon. Станува збор за […]