3 коментари 3 мин. читање 15 ноември, 2012

Македонија побара oд Google да отстрани YouTube видео поради национална безбедност

Македонија во првата половина на 2012 година побара отстранување на само една содржина, ни открива Google во својот Transparency Report. Во извештајот се наоѓаат податоци за колку пати државите и владините агенции побарале да се отстранат линкови и содржини од пребарувањето.

Станува збор за Youtube видео чија содржина од органите на власта е проценета како опасна за државната безбедност. Според податоците кои ги презентира Googlе, барањето за отстранување на видеото е од извршната власт или од Министерството за внатрешни работи. Google не одговори потврдно на барањето за отстранување на содржината, можеби бидејќи барањето за „симнување“ на видеото не е поткрепено со судска одлука.

Google сè уште се нема согласено да отстрани содржини на барање на македонските власти, ниту пак македонските власти се нешто посебно ангажирани да се тргнат видеа на YouTube и друга содржина со говор на омраза.

Британскиот јавен сервис BBC јавува дека бројот на барања за пристап до податоци за корисниците од владите е во постојан пораст, а во првата половина на 2012 бројот на барања кои пристигнале до Google се искачил на 21.000.  Со ова бројот на побарување речиси ќе се удвои од 2009 година кога биле побарани „само“ 12,539 податоци. Првото место за барање за податоци го држат САД, а тие се први и со 90 отсто позитивни одговори, кои Google им ги доставил .

Пораст бележат и барањата за симнување на содржини 1.789, што е речиси двојно повеќе од истиот период минатата година. Основни причини за барање за симнување на содржини се клевета, заштита на приватност и загрозување на јавна безбедност, а во најголем број од случаите барањата се поткрепени со судски одлуки.

„Го откриваме бројот на барања кои ги добиеме од сопствениците на авторски права и влади за отстранување информации од нашите сервиси. Се надеваме дека овие чекори кон поголема транспарентност ќе помогнат во информирањето на постојаните разговори за соодветниот обем и надлежност за регулирањето на содржините на интернет.“, објаснува Googleзошто ги објавува податоците за барања за цензурирање на содржини.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Дејан Соколоски
Дејан Соколоски
13 years ago

Google не ги објавува содржините кои се отсранети туку само нивниот број. Не сум сигурен, мислам дека МВР изјави дека ќе побара забрана видеотсо палење на знамето, можеби е тоа.

Mile
Mile
13 years ago

za koe video se raboti?

Сајбер Трајан
Сајбер Трајан
13 years ago
Reply to  Mile

И ја исто се прашувам.

Мени
Заедница
Изглед
To top