1 коментар 1 мин. читање

Adobe Flash Player сега е комплетно изолиран во Google Chrome за сите платформи

Adobe Flash Player од сега ќе работи во Google Chrome во „изолирана кутија“. Ова е случај за сите платформи кој поддржуваат Chrome: Windows, Mac, Linux и  Chrome OS. Потегот е направен пред се од безбедносни прични, главно бидејќи творците на „злонамерен софтвер“ ја користат ранливоста на Flash на повеќе платформи за истовремен напад на повеќе оперативни системи.

Sandbox овозможува работа на програмите и апликациите без опасност малициозниот софтвер да се излие надвор од околината во која работи. Со оглед на тоа дека секој од отворените прозори на Chrome e засебен процес, ова овозможува и  малициозниот софтвер да не се „прелива“ на останатите отворени табови.

Со ова се намалува можноста корисниците на Google Chrome да бидат цел на сајбер напади преку својот прелистувач. Then Next Web потсeтува дека Flash e една од омилените платформи преку којa напаѓаат сајбер-криминалците. Причините за нападите се идентични како за Java, цел на напад се повеќе платформи, оперативни системи, прелистувачи a со тоа софтверот напаѓа повеќе корисници.

[youtube]29e0CtgXZSI[youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top