„Државна видео лотарија“ ќе ги замени странските спортски обложувалници и интернет сајтови кои нудат игри на среќа. Овој нов правен субјект, креиран од Државната лотарија на Македонија, со инвестиција од 6 милиони евра од Casinos Austria, ќе стартува од пролет и ќе понуди локални игри на среќа и обложувања преку интернет. Целта на проектот, вели Владата на РМ, е „државна контрола врз игрите на среќа“ и спречување на изливот на приходите во буџетот на странски држави.
„Нашите граѓани во овој момент играат интернет игри на среќа на странски сајтови и веб страни. Тоа пак од своја страна придонесува значителен одлив на средства од Република Македонија, што не е добро за државата и за општеството“, пренесува портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Тоа што е интересно во сооштението е што македонските власти се чини дека ќе „ќе го оневозможат“ играњето на странските интернет сајтови кои нудат игри на среќа. За ова ќе бидат задолжени Агенцијата за електронски комуникации и ИТ министерството.
„Со стартот со приредувањето на игри на среќа организирани од Државната видео лотарија, од тој момент во период од наредните две години, надлежните институции како што се Агенцијата за електронски комуникации, Министерството за информатичко општество, врз основа на најдобрите светски практики за домашните играчи ќе го оневозможат играњето на интернет игри на среќа на странски сајтови и странски веб страници“.
Коментари
37 коментари
Коментарите се затворени.