Македонија го доби најдобриот Microsoft Office Specialist – Јорданчо Ефтимов ќе продолжи да се натпреварува во Флорида

во ИТ.МК

Се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост во Р. Македонија – Национален MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар, во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје.

На натпреварот кој започна кон крајот на декември 2017, се пријавија повеќе од 1000 млади, од кои 40 со најдобар резултат влегоа во вчерашното финале. Овогодинешниот победник кој ќе ја застапува Македонија во Орландо, Флорида како најдобар Microsoft Office Specialist е Јорданчо Ефтимов од Кочани. Јорданчо ќе се натпреварува со претставниците на повеќе од 140 земји и ќе се бори за титулата најдобар Microsoft Office Specialist во светот.

Организаторите велат дека секоја година бројот на учесници се зголемува:

„Сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што ја потврдија нивната дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој. Морам да истакнам дека оваа година имаше огромен интерес и најголем број на пријавени натпреварувачи. Се потврдува фактот дека полека но сигурно се зголемува дигиталната писменост кај младите во Македонија, се зголемува свеста кај луѓето за потребата од поседување на дигитални вештини и сертифицираното знаење, што понатаму ќе донесе оспосособени и квалитетни кадри. Му честитаме на овогодинешниот победник Јорданчо Ефтимов, и му посакуваме успех и победа на светскиот натпревар.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.

Натпреварот се одржува трета година по ред во организација на Certiadria, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Министерството за информатичко општество и администрација, Град Скопје, Општина Куманово, Семос Едукација, Стопанска банка АД – Скопје, оне.Вип, Макпетрол А.Д. Скопје, WVP Fund Management, Витаминка Прилеп, Метрополис Радио Мрежа и др.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

За прв пат оваа година се одржа и Националниот Adobe натпревар, на кој се натпреваруваа 100 учесници. Финалето ќе се одржи следната недела. Победникот ќе ја застапува нашата држава во Флорида, САД на светскиот Adobe шампионат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments