Македонија треба да ги ослободи стартапите од плаќање данок, а фирмите кои заработуваат помалку од 100.000 евра не треба да плаќаат данок на добивка, смета Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници, а пренесува Капитал. „Мислам дека Македонија треба да размисли да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка од досегашните три милиони денари барем двојно, односно сите фирми кои имаат вкупни приходи од шест милиони денари (околу 100 илјади евра) да бидат ослободени од плаќање на овој данок. Сметам дека фирмите кои имаат годишен обрт од 100 илјади евра не се сериозни фирми и сè уште не се знае дали ќе ги биде или не, па така и треба да бидат третирани”, објаснува г. Гацов.
Неодамна Албанија објави дека стартапите и фирмите кои заработуваат помалку од 36.000 евра нема да плаќаат данок, а за тие компании, пак, што заработуваат до 58.200 евра стапката на данок ќе биде 7,5% на приход од 5%. Ова беше одлично темпиран потег на Албанија да го привлече вниманието на основачите на стартапи и инвеститорите кои ја гледаат Југоисточна Европа како пазар на кој можат да се најдат нови креативни идеи, што за помала инвестиција ќе генерираат големи продажби во Европа, САД и Азија.
Македонија која во моментов има мала стартап сцена, и иако ги забележуваме првите инвеститори кои ги таргетираат стартапите, и веќе се зборува за милионски суми, сепак не нуди никакви поволности. Често во приказните на стартапите слушаме како државата ги игнорира. Фактот дека е формиран државен фонд пред само една година, додека стартапите се развиваат веќе подолго време е само показател дека Македонија доцни зад другите балкански земји. Но, вакви даночни олеснувања ќе го мотивираат пазарот, можеби и ќе привлечат инвестиции. Зарем не се обидува Македонија така да привлече големи интернационални фабрики? Зошто иновативните стартапи да бидат запоставени?
Со ова олеснување за малите и микро претпријатија, г. Гацов предлага од плаќање данок да се ослободат стартапите, односно сите компании во периодот од пет години од основањето да бидат ослободен од плаќање на данок.
„Почетните стартап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”.
Ова се тешки глупости. Калифорнија е една од државите со највисоки даночни стапки а сепак функционира „силицумската долина“.
За стартапи во ИКТ смисла потребна е мрежа на луѓе што работат, лесна мобилност меѓу фирми, проекти и идеи, и поголем пазар од вообичаеното.
Ниту една од овие работи не може да се реши со даночни олеснувања.
Дополнително корпоративната даночна стапка секако е многу ниска во МК — само 10%. Но, ако стартапот ја реинвестира добивката (наместо да ја бутне у џеб) има 0 даноци.
Нема да функционира ова како стимул за креирање помали компании. Да се охрабрат луѓето да си ги реализираат идеите, можеби некоја да биде иновативна? Не може да ја споредиме Македонија со Калифорнија бидејќи… има премногу причини, главно капитал. Ама ако се охрабри, или барем се фрли spotlight на стартапите зарем тоа нема да привлече поголема мрежа на луѓе што ќе се обидадат да направат нешто, дури и да злоупотребат иако пак се случува во стартап сцена.
Не сум сигурен за проценти и бројки да бидам искрен, ама мислам дека покажувае малку внимание на иновативни стартапи ќе придонесе многу за да се охрабри таа сцена.