Спонзорирано

МАК-Систем на нова локација поблиску до светските трендови во канцелариско работење 

Спонзорирано од MAK System

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

МАК-Систем, како ИТ компанија која речиси 40 години успешно работи на македонскиот и светскиот пазар, со цел подобрување на условите за работа за своите вработени, продолжува со работа од нова локација. Станува збор за функционален, модерен и современ простор, којшто одговара на потребите на повеќе од 100 вработени кои се дел од МАК-Систем Скопје. Во новите простории се запазени највисоките еколошки, социолошки и управувачки (ESG) стандарди. 

Беше привилегија новата ера во работењето на МАК-Систем, да се одбележи заедно со партнерите со кои МАК соработува. Претставниците на Британска Амбасада, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Американската стопанска комора, МАСИТ, беа само дел од присутните кои придонесоа кон убавата атмосфера. 

На задоволство на домаќините од канцеларијата на МАК Скопје, на забавата присуствуваше и менаџментот од Лондон, односно Френк Јауберт – CEO, Патрик Најт – CFO и Дифа Никлуску- CTO. 

Сепак, главните актери во работењето на МАК-Систем, кои се двигатели на мисијата на нашата компанија, а тоа е подобрување на животот на пациентите и давателите на здравствени услуги ширум светот,  се вработените во МАК-Систем. 

Покрај канцеларијата во Скопје, МАК-Систем како лидер во областа на медицинскиот софтвер, односно во телот на трансфузијата со крв и крвна плазма, има свои канцеларии и во Лондон, Париз, Чикаго, Мадрид, Ваљадолид, Франкфурт, Брисел и Белград. 

Новата локација на МАК-Систем Скопје, се наоѓа на Лондонска бр.1, односно зградата на поранешна Топлификација. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на MAK System . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]