Intel го претстави најмалиот процесор Quark и најави евтин таблет

во Свет, Хардвер

Intel најави дека за претстојните новогодишни празници може да очекуваме таблет компјутер кој ќе чини помалку од 100 US долари. Најавата доаѓа од Брајан Казнич, извршниот директор на компанијата, на Intel Development Forum оддржан во Сан Франциско.

Засега останува нејасно кој оперативен систем ќе биде избор на Intel за овие таблет компјутери иако веќе за среда е најавена заедничка прес-конференција со Google, што доведува до некои претпоставки. Аналитичарите прогнозираат дека двете компании ќе објават подлабоко партнерство за преносни уреди.

Компанијата веќе има неколку таблети со Atom-процесор кои базирани на Android оперативниот систем, но Intel е поодамнешен партнер и на Microsoft, а веќе имаат таблет компјутери и за Windows оперативниот систем.

Покрај ова Intel го искористи настанот и за да ги претстави своите нови, енергетски ефикасни процесори Haswell-Y, кои ќе работат без ладење. Ефикасноста на процесорот е толкава, да дисипацијата на процесорот е само 4.5W. Пред се наменети за ултрабук, Haswell-Y ќе има i5 i и7 верзии.

Компанијата работи и на чипови кои ќе се користат во преносните уреди како паметни часовници или ленти за рака. За овие уреди Intel го презентираше Quark, својот најмал процесор засега. Големината на Quark е само една петтина од Atom процесорите и потрошувачка една десеттина од Intel Atom.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk