0 коментари 1 мин. читање

Магичнoто глувче на Apple

{mosimage} Дизајните на Apple се уметност. Најновото што го објави Apple e Magic Mouse, компјутерско глувче на допир, без копчиња. Горниот дел каде што се сместени копчињата е заменет со сензорите за допир, истите како на iPhone и iPod Touch. Зависно каде ќе стиснете, лево или десно, сензорите ja препознаваат страната и реагираат како соодветното копче. Ако го движите прстот горе и доле, тогаш сензорот тоа го препознава како копчето за скролање. Глувчето е везжично, се поврзува со Mac преку Bluetooth, а тoa што е најинтересно и најзгодно е што допирот на глувчето може да се персонализира.

Magic Mouse доаѓа со новиот iMac, а одвоено може да се купи за околу 70 долари. Повеќе за Magic Mouse ќе најдете на официјалниот сајт на Applе.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

 



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top