ИТ анкета: Дали ја користите Wikipedia?

во ИТ.МК

{mosimage} Можеби не и веруваме, можеби и не ја сакаме, но сите ја користиме онлајн енциклопедијата. Околу 90 отсто од 384 испитаници ја користат Wikipedia како извор на информации. 51.6 отсто или 198 луѓе oд нив ја користат редовно, a 145 луѓе или 37.8 отсто ја користат, но не и веруваат.

Само 10.7 отсто или 41 луѓе не ја користат, дел од нив ја избегнуваат, а дел никогаш не ја користеле.

Сигурно треба да се заме в предвид фактот дека оваа анкета е на IT.com.mk, портал и форум кој го посетуваат ИТ луѓе кои, дел поради работа, дел поради хоби, повеќето од своето време го поминуваат онлајн и користат веб сервиси.

Но, од друга страна, ова покажува и дека Wikipedia, чија веродостојност е знак прашалник, сепак служи како извор на информации бидејќи е достапна и лесна за користење. Токму ова се надоврзува со текстот „Wikipedia наместо МАНУпедиjа“. Поентата и тогаш и сега ми е да се направи дигитална енциклопедија бидејќи ќе биде лесна за користење и ќе биде лесна за надополнување. Но најважно од се – ќе се користи, наместо да се губи под прашината на полиците со книги.

Интересно, 1700-те страни, плод на 10 годишен труд, се компресираа во .pdf фајл од само 65MB!
Замислете си колку лесно би можеле да се направат апликации и други алатки за користење на тие 65MB. Впрочем и сегашнава МАНУпедија е многу полесна да се користи како PDF фајл отколку да се листаат 1700 страни за да се најде едно име, настан или поим. CTRL+F FTW!

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk