Magic Leap, тајниот стартап кој привлече половина милијарда долари инвестиција од Google пред воопшто да чуеме дека постои ваков стартап, за прв пат објави видео во која ја демонстрираше својата проширена реалност. Видеото е импресивно, но тоа што е повозбудливо е што директорот на компанијата, Рони Абович, вели дека креираат „оперативен систем за реалноста“.
Компанијата развива наочари со проширена реалност, и иако видовме такви обиди со Google Glass и Microsoft Hololens, кој изгледа далеку подобро, сепак Magic Leap вели дека има платформа со која девелоперите ќе можат да креираат свои компјутерско-генерирани слоеви врз реалноста. Планот е да се изработат милиони вакви уреди, вели г. Абович на конференцијата на Wall Street Journal, oткривајќи дека започнале со производство во запуштена фабрика на Motorola во Флорида. Интересно, за разлика од основачите на Google кои насекаде се шетаа со Google Glass закачени на главата, демонстрирајќи ги функционалностите и изгледот; г. Aбович не сакаше да открие ништо повеќе освен да каже дека е мал уред кој е пријатен да се носи во јавност. „Сѐ што правите на паметен телефон, ќе може да направите и на Magic Leap“, вели тој. „Светот е вашиот екран“.







