Сопственикот на паричникот со најголемиот број на биткоини сигурно не е FBI, нели?

во Веб, Свет

Американското Федерално истражно биро е сопственик на паричникот со најголем број на биткоини во него, дури 144.000 биткоини кои вредат околу 100 милиони долари, јавува Wired. Доколку FBI беше инвеститор, падот на вредноста на биткоините ќе ги чинеше околу 75 милиони долари.

Сепак, Федералното биро не e инвеститор во дигиталната валута, туку монетите ги собра во полициската акција на црниот интернет пазар Silk Road, кој беше затворен овој сајт. Поточно биткоините беа во сопственост на Dread Pirate Roberts, основачот на Silk Road, за кој подоцна се дозна дека е американец со име Рос Улбрихт.

Иако FBI го има новчаникот со најмногу биткоини, сопственик на најмноги криптомонети е нејзиниот анонимен креатор Сатоши Накамото кој има дури еден милион биткоини, но разделени на повеќе сметки од кои на ниедна нема повеќе од 50. Зад FBI, на третотто место се близнаците кои тврдеа дека тие го имаат креирано Facebook, Камерон и Тајлер Винклвос, кои поседуваат еден процент од сите биткоини или 120.000.

Сепак и покрај популарноста со која неодамна се здоби биткоин, бројот на портмонеа кои имаат барем една монета е прилично мал, 246.377, што сепак е значителен пораст од минатата година кога имаше само 159.916 корисници. Во првите десет сопственици кои имаат најмногу биткоини, нема речиси ниту еден поддржувач од почетоците кога „фармањето на биткоините“ беше значително полесно, кога дури и корисниците кои користеа обичен десктоп може да соберат илјадници биткоини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk