Мачки и кучиња се вдомуваат во The Sims 4 од ноември

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Од излегувањето во 2014 година, The Sims 4 исфрли четири експанзии, пет пакети со проширени или нови гејмплеј механики и дванаесет пакети со нови предмети за вашиот дом. Но, никако кучиња. Ниту мачиња. Најновата експанзија планира да го промени тоа.

The Sims 4: Cats and Dogs ќе воведе нова алатка преку која сим фанатиците ќе можат да си ги разубават дигиталните животи со препознатливо и уникатно милениче. За додатно лечење фрустрации и провоцирање на комшиите и тука ќе можете да го облекувате сопатникот со скапа и, пред се, откачена облека и накит, но никако нема да можете да воспоставите целосна контрола врз нив.

„Мачките и кучињата се своеглави и формираат посебни односи со сим ликовите, во зависност од секојдневните интеракции,“ објаснуваат од ЕА и додаваат дека вашите сим ликови се грижат за миленичињата, ги тренираат и играат игри кои прераснуваат во различни и, понекогаш, бизарни однесувања кои се (не)својствени за малите крзнени другарчиња.

Со експанзијата ќе доаѓа и нов предел. Brindleton Bay ќе се одликува со пристаниште, светилник и шаренолики паркови и, доколку шетајќи случајно наидете на миленичиња скитници, лесно ќе можете да им дозволите да ви се приклучат на вашето семејство.

Оние кои чувствуваат преголема љубов за миленичињата и сакаат дополнително да инвестираат во нивната дигитална добросостојба, ќе можат да изградат и работат во ветеринарна клиника.

The Sims 4: Cats and Dogs излегува на 10.ноември. Во меѓувреме, експанзијата врти опашка и трпеливо исчекува предвремени нарачки во износ од 40 евра.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments